Скромни барања на Горан Бреговиќ пред утрешниот концерт: Виски за роденденот во Скопје

Скромни барања на Горан Бреговиќ пред утрешниот концерт: Виски за роденденот во Скопје
Скромни се барањата на сараевската поп-ѕвезда со светска кариера Горан Бреговиќ, пред неговиот концерт во Скопје кој ќе се одржи утре во ВИП-арената „Борис Трајковски“ од 21 часот.

Од пијалаците кои некогашниот фронтмен на „Бијело дугме“ ги побарал од македонските организатори „Авалон продукција“, на листата се кафе, сокови, вода, вино и виски.

Во Скопје Брега ќе го промовира албумот „Три писма из Сарајева“ и ќе го прослави 69. роденден.

Со музичари од Македонската филхармонија и со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, Бреговиќ, освен песните од албумот кои се напишани за три виолини, ќе ги свири и своите стари хитови.

Тој долги години со сопругата Џенана и со трите ќерки живее во Париз. (Л.С.)

Споделување со вашите пријатели: