Во денеска објавениот извештај, кој се темели на истражувања на Галуп во секоја од државите за тоа колку среќни се чувствуваат граѓаните. Анкетираните со оценки од 1 до 10 одговараат на прашалник за одредени фактори во нивните земји како што се квалитетот на живот, сочувството кон другите, слободата, великодушноста, искреноста и здравјето.
Финска, како и во претходните години ја задржа водечката позиција. Веднаш зад неа, според овој извештај, се Данска, Норвешка и Исланд. Меѓу првите десет се и Холандија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Австрија.
Од земјите од регионот, најсреќни се во Словенија (44. место), потоа следуваат Косово (46), Србија (70), Црна Гора (73), Хрватска (75), Босна и Херцеговина (78), Грција (82), Бугарија (97) и Албанија (107 место).
Најнесреќни се во Јужен Судан, а пред нив, на дното на листата, се Централноафриканската Република и Авганистан.