Вардар игра одлично во првото полувреме против Загреб на гостински терен, во рамките на првата осминафинална пресметка во Лигата на шампиони. Македонскиот првак после првите 30 минути води со 14:6.
Вардар и Загреб се сретнаа и пред четири недели во рамките на СЕХА, кога скопјани на домашен терен победија со 28-26. Во првиот меч во Загреб, Хрватите славеа со 26-23. Во Лигата на шампионите последен пат меѓусебе играа во 2017 година кога македонскиот шампион извојува две убедливи победи, а потоа и ја освои титулата најдобар на Стариот Континент.