(ВИДЕО) Лозано е достоен за големи концерти

(ВИДЕО) Лозано е достоен за големи концерти
Македонскиот поп-пејач Влатко Лозаноски - Лозано во саботата ја наполни вип-арената „Борис Трајковски“. Ова беше негови прв голем концерт од ваков размер, но покажа дека е достоен за да ги полни и најгомемите сали кај нас.

Во еден здив се пееја познатите рефрени на „Километри“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Сонце не ме грее“ и останатите песни кои ја одбележаа неговата музичка кариера.

Скромен и непосреден кон публиката, Лозано предаде многу љубов и музика. Така и му беше возвратено, со искрени насмевски низ разноликата публика, тоа е вечер која ќе се памети.

Лозано зад себе има три студиски албуми и веќе сериозно ја трасираше патеката на македонската музичка сцена. Останува само да продолжи по патот по кој тргнал.

Организаторите на концертот беа Авалон продукција, а освен Лозано, како гости настапија и близнаците од „Некст тајм“.

Годинава, се чини е најплодна во неговата кариера, бидејќи сите песни кои ги лансираше добиваат милионски прегледи на Јутјуб и постојано се вртат на радиостаниците. Негова последна песна е „Мајко“, за која сними и видеоспот.

Споделување со вашите пријатели: