Ако САД се откажат, Русија сама ќе ја одржува Меѓународната вселенска станица

Ако САД се откажат, Русија сама ќе ја одржува Меѓународната вселенска станица
Руската државна агенција за космички активности „Роскосмос“ планира да ја претстави програмата за истражување на Месечината во средината на оваа година и да ја одржува Меѓународната вселенска станица доколку Америка се повлече, рече директорот на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин.

„Програмата за истражување на Месечината ќе биде подготвена како дел од усвојувањето на новата верзија на рамката за државна политика за активности во вселената. Мислам дека ќе биде средината на оваа година“, рече Рогозин, објави агенцијата ТАСС.

Како што нагласи, седницата на Советот за безбедност посветена на вселенските активности ќе се одржи пред крајот на пролетта и сите овие прашања ќе бидат разгледани.

„Роскосмос“, како што рече Рогозин, ќе ја задржи Меѓународната вселенска станица во орбитата, дури ако американската страна се повлече од проектот.

„Ова е предлогот на 'Роскосмос'. Ние веруваме дека можеме да ја одржуваме станицата во случај Американците да одлучат да се повлечат од проектот, заедно со други земји и партнери“, рече Рогозин.

Имаме технолошки и технички способности да ја одржуваме станицата во орбитата и целосно да ја снабдуваме електрична енергија и вода, заклучува Рогозин.

Споделување со вашите пријатели: