Венко Андоновски стана ексклузивец на белградска „Лагуна“

Венко Андоновски стана ексклузивец на белградска „Лагуна“
Издавачката  куќа „Лагуна“ од Белград го објави во ексклузивно издание романот „Папокот на светот“ од Венко Андоновски на српски јазик.

„Лагуна“ на корицата од книгата го најавува Андоновски како „современ класик на македонската книжевност“, повикувајќи се на предговорот на руското издание, за кое авторот лани беше во номинација за „Толстоевата награда“, а каде стои: „Без сомнение, Андоновски може да се нарече гениј, жив класик и книжевен џин, а романот може да се споредува со делата на Умберто Еко и Милан Кундера“.

Според ексклузивен договор, „Лагуна“ ќе ги објави и сите други романи на Андоновски во наредните години.

Паралелно, во Скопје, во издание на „Три“, се појави и второ издание од најновата книга раскази на авторот – „Припитомување на кучката“.

Споделување со вашите пријатели: