Место од Лондон за Дизелдорф, слетале во Единбург

Место од Лондон за Дизелдорф, слетале во Единбург

Патници на „British Airways“ на летот за Дизелдорф, Германија, биле многу непријатно изненадени кога нивниот авион слетал во Единбург во Шкотска.

Како што јави BBC, до грешката дошло поради тоа што на посадата на авионот им е врачен погрешен налог.

„Се извинуваме на патниците за ова. Секој посебно ќе го контактираме“, соопштено е од „British Airways“.

Но, од компанијата не кажале за колку патници се работи.

Авионот полетал од Лондон, по што е воочена грешката и наредена е посебна истрага.

„Ни во еден момент безбедноста на патниците не беше доведена во прашање. Откако по грешка слетавме во Единбург, патниците ги превезовме во Дизелдорф. За секој од нив ќе посветиме посебно внимание кога ќе се вражаат во велика Британија“, велат од авио-компанијата.

Ако се суди по изјавите на птниците ќе имаат, многу работа.

Софи Кук, која секоја недела лета од Лондон за Дизелдорф, вели дека пилотот ги известил дека слетуваат во Единбург. Тогаш ги прашале стјуардесите дали тој се шегува. „Кога нѐ праша колку од нас патуваме за Дизелдорф и сите кренавме рака, сфатија дека згрешиле', вели таа.

Споделување со вашите пријатели: