Германија: Евакуација поради дојави за поставени бомби

Германија: Евакуација поради дојави за поставени бомби
Во неколку градови ширум Германија, беа евакуирани градските собранија по дојави за поставени бомби, објави весникот „Билд“.

Евакуирани се собранијата во Аугсбург, во Кајзерслаутерн, во Шемниц, во Гетинген, во Нојнкирхен и во Рендсбург.

Германскиот весник наведува дека заканите биле испратени директно до адресите на градските собранија, а таа информација беше потврдена од страна на истражителите во неколку градови.

Се наведува дека засега нема докази за експлозивна направа во кое и да е од собранијата.

Споделување со вашите пријатели: