Тој се заблагодари за признанието, кое му го врачи ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев.
-Ова е голема чест и одговорност за мене. Му благодарам на Универзитетот, а особено на деканот на Музичката акдемија Тони Китановски, без кого ова не би било. Доста долго сум визитинг професор на Академијата и немам намера да престанам со своето делување, рече Хаџиманов.
Тој е познат композитор, пијанист, џез и етно музичар и е основач на „Васил Хаџиманов бенд“. На Штипскиот универзитет е ангажиран како предавач на одделот за џез-музика.
Хаџиманов има богата музичка кариера. Настапувал со познати светски музички имиња и соработувал со музичари, како Дејвид Гилмор и Крис Чик. Создавал и музика за познати филмови и ТВ-серии. Хаџиманов е син на познатиот уметник Зафир Хаџиманов.