Оој пат се работи за меѓусезонско, модерно облекување. Фуксијата која доминира како боја е одлична за да го долови вистинското пролетно расположение кое владее деновиве.
Здолниште со разигран принт и капут одличен за дневни и вечерни излегувања, а сето тоа дополнето со металик патики и ултра впечатливи обетки.
Урбан и во исто време женствен изглед.
Каролина денес е препознатлива по својот стил кој значи: тренд, префинетост и мерка, стил кој никогаш не ја прави да изгледа постара и посериозна. Благодарение и на нејзината екипа која се грижи за нејзиниот стајлинг.
Брендовите пак во Македонија се тепаат за неа како заштитно лице и не се вознемируваат што ја гледаме насекаде и што не е никому ексклузивец. Велат, доволно е популарна и убава, и си има своја естрадна и модна публика. (Л.С.)